Демократската унија за интеграција денеска продолжува со седницата на Централното претседателство која беше почната минатата сабота.
Пред почетокот на седницата, при пристигнувањето во партиското седиште во тетовска Мала Речица, портпаролот Бујар Османи повтори дека денеска ќе има можност за внатрепартиската дебата за прашања околу партиското работење што во јавноста ги наметнаа одредени незадоволни членови.
Ќе се разговараа за сите прашања кои останаа неразговарани на претходната седница кои што ќе бидат отворени и покренати од страна на членовите на претседателството. Секое прашање кое што ќе биде покренато од членовите на претседателството ќе може да се разговара – истакна Османи.
На прашањето на новинарите дали Муса Џафери вчера е разрешен од функцијата прв човек на Надзорниот совет, Османи рече дека денеска ќе се разговара за сите прашања.
Изет Меџити, истакна дека оваа е важна седница за внатрепартиското дејствување.
Мислам дека е многу важен ден, кога ДУИ треба да ги демонстрира нивните капацитети. Не вчера, имаше разрешувања преку неделата. Верувам ќе се реши денеска конфликтот помеѓу двете групи. По завршувањето на состанокот ќе ве известам – изјави Меџити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.