СДСМ заедно со партиите од коалицијата иницираат Манифест за преговорите со ЕУ, документ преку кој ќе се обединат сите политички партии околу евроинтегративниот процес. За манифестот извести и ДУИ.

„ ДУИ смета дека е време за обединување политички партии, неполитички субјекти и невладини организации преку овој важен чекор на потпишување на заеднички манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно и квалитетно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.Во манифестот повикуваме на прифатените заеднички европски вредности кои произлегуваат од Копенхашките критериуми, Процесот за стабилизација и асоцијација, преговарачката рамка, а сè со цел што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во ЕУ“, стои во соопштението од ДУИ.

Од ДУИ велат дека во манифестот се наведуваат повеќе аргументи кои се од витално значење за целото општество, а преку кои тие се обврзуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, притоа заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

„Со предлог манифестот, изјавуваме дека ќе се залагаме за реализација на сите обврски кои произлегуваат од политичките критериуми за членство во ЕУ, меѓу другото и околу унапредување на добрососедските односи, заштитата на основните човекови права, правата на заедниците, но и усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ со фокус на владеење на правото, борбата против корупцијата и функционирањето на демократските институции“, соопшти ДУИ.

За ова, како што се вели во манифестот, политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија.

„Ја нагласуваме и важноста од активна улога на сите граѓани на Македонија во процесот на пристапување во ЕУ. Граѓаните на Македонија ќе одлучат за пристапувањето во ЕУ преку референдум кој ќе се одржи пред потпишувањето на Договорот за пристапување на Македонија во Европската унија, односно по завршувањето на преговорите“, изјавуваат во манифестот.

Од ДОУ соопштија дека со него се задолжува Владата доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на заедниците, како елементи за кои не се преговара со Европската унија, наведувајќи дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка.

„ Собранието треба да ги усвои уставните измени за автоматско и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, без дополнителни одлуки од страна на земјите членки, а Владата и сите надлежни органи за надворешна политика да постапуваат во рамките на позициите утврдени со Манифестот“, стои во соопштението на ДУИ.

Иницијатори на Манифестот се политички партии: Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Демократската Унија за Интеграција, (ДУИ), Алијанса за Албанците (АА), Либерално-демократска партија (ЛДП),Нова социјал-демократска партија (НСДП),Демократска Партија на Албанците (ДПА), Партија за движење на Турците (ТХП), Демократска партија на Турците во Македонија (ТДП), Демократска обнова на Македонија (ДОМ), ВМРО- Народна партија (ВМРО-НП), Партија на пензионерите (ПП), Партија на Србите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.