Али Ахмети пред да започне состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција на кратко за медиумите истакна дека во ДУИ нема поголеми проблеми и ќе се продолжи со развој на партијата.
Општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избираат потпретседатели, генерален секретар, ќе се разговара за патот на развој на политиката… Епилогот е – ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група – изјави Ахмети.
Овој состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери, следува откако минатиот месец таканаречената „огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени луѓе да понесат одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.