Охрабрете се да почнеме меѓународно мониториран ветинг за секој политичар, се истакнува во денешното соопштение од ДУИ, партија која две децении беше на власт, а сега тешко и паѓаат неколкуте месеци во опозиција.

Во продолжение целото соопштение:

Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија.

Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг.

Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.