Судско потврденото криминално здружение ВМРО – ДПМНЕ на Христијан Мицкоски прерасна во двигател на антиалбански наратив во нашето општество и се натпреварува со Левица на Апасиев во расистички напади.

Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер, Биљана Бошковска, Елизабета Чингаровска и многу други со јавно признание пред суд признаа и потврдија дека ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е криминално здружение и тоа го запечати судот со пресуда.

ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е единствена партија во земјава чиј целосен имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение.

Во обид да го сокрие овој голем срам, скандалозно унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошкиот партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти-НАТО и анти-ЕУ елементи во нашето општество, крои антиалбански наратив за да заличи на Левица на Апасиев и да придобие од неговата популарност кај екстремистичките кругови.

Градоначалници на ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски тврдат дека имаат насока од страна на Mицкоски, ака шпицен командант, да не издаваат потврди за легализација на домови на Албанци во нивните општини согласно законот и под никакви услови да не ангажираат компании на Албанци во нивните општини како и да не издаваат дозволи за градби поради расистички демографски политики.

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е синоним на корупција, блокада и заложништво, а тоа го потврди и Судот, признанијата и Данела Арсовска, но и целосната меѓународна изолираност на ова ВМРО – ДПМНЕ.

Најголема корупција е да ја држиш својата држава и својот народ во изолација и во постојани меѓуетнички тензии.

Дополнително, и шпицниот командант Мицкоски како и Апасиев во нивните сограѓани Албанци гледаат само како подредени граѓани, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државни позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Единствената слика што ја поседува и ја објави шпицниот командант со калашников во раце, иако опкружен со жени и семејства на испраќање на таа фотографија, е порака кон Албанците.

Ова не поминува, не го поддржуваат граѓаните, но ниту и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и не може да го сокријат со секојдневни банални клевети, лаги, измислици, конструкции за да ја дефокусираат јавноста од нивните одлики на антиалбанска, изолациона, осамена и коруптивна партија.

Ги повикуваме членовите на ВМРО – ДПМНЕ да се дистанцираат од овие расистички и изолациони анти – НАТО и анти – ЕУ политики на шпицниот командант и да ја одвратат партијата од овие погубни политики.

Демократска унија за интеграција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.