Поминаа три дена и сѐ уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата.Бараме веднаш да почне меѓународно мониториран ветингцза секој политичар во последните триесет години, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Тие додаваат:

„Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.