По повод 21 годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција, утре со почеток во 12 часот во хотел „Александар Палас” во Скопје, претседателот на ДУИ Али Ахмети организира панел дебата на тема “Европски фронт”.
На дебатата, како што соопштија од партијата, ќе се обратат: Али Ахмети, Радмила Шекеринска, Петар Арсовски, Газменд Ајдини, Теута Арифи и други.
По дебатата, во 14 часот, исто така во хотел „Александар Палас”, Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на пригоден коктел по повод 21 роденден на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.