Вчерашниот ден го означи почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја кој ќе придонесе за отворање работни места, развој на домашните компании, економски развој и подобрување на квалитетот на животот, велат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција смета дека проектите како Коридорот 8 и 10-Д, автопатот Скопје – Блаце, автопатот Кичево – Букојчани и патот Бошков Мост – Извор, кои севкупно достигнуваат вредност од над 2 милијарди евра, претставуваат најголем и најамбициозен поттик во историјата на нашата земја.По реализацијата и имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот Договор, членството во НАТО, почетокот на преговорите за членство во ЕУ, ДУИ е фокусирана во економскиот и инфраструктурниот развој на нашата земја заедно и со продолжувањето на нашето европско патување.Овие проекти ќе овозможат отворање на нови работни места, ангажман на сите домашни компании и нивен развој, како и ќе имаат позитивни странични влијанија за економијата на државата, со што квалитетот на животот ќе се доближи до европските стандарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.