Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на КАНАЛ 5 со кој неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот.

Исмет Рамадани во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа.

Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на КАНАЛ 5, како и на јавноста.

Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.