Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.
Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел),да биде разрешена и изберат во истата историчари ,резистентни на политичко влијание, велат од партијата на Павле Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.