Косоварот Куштрим Смајлај кој е зет на Али Ахмети за ќерката Ускана е веројатно најмоќниот член на кичевскиот клан на лидерот на ДУИ.

Малку познатиот зет Смајлај како што објави емисијата КОД со Снежана Лупевска Созен е човек кој за разлика од внуците Дрин и Бесијан работи со реални пари и освен што е газда на градежна компанија има и заедничка фирма со бизнисмен од Кичево кој годишно како сосопственик заработува над 100 милиони евра.

Бизнисот на зетот на Ахмети, кој е од Ѓакова или Ѓаковица на Косово, има седиште во општина Карпош на адресата на Пуцко Петрол, каде газда е пратеникот на ДУИ и еден од најголемите бизнисмени со нафта и нафтени деривати Исмаил Јаоски.

Партнерот на зетот на Ахмети во една од неговите фирми е кичевецот
Ерџан Сулкоски кој е ко-сопственикот на фирмата РКМ на Ратко Капушевски преку која лани тие наплатиле фантастични над 100 милиони евра за мазут за државната компанија ТЕЦ Неготино.

Истражувањето на КОД

КОД открива дека фирмата Соравија, секоја година прави големи профити, иако при презентирањето на зделката со која внукот на Али Ахмети за нула евра доби 39 отсто од бизнис центарот Соравија, беше соопштено дека центарот има долг од 20 милиони евра.

Во КОД и за братското стебло од Зајас, следната генерација на фамилијата Ахмети кои се впуштаат во огромни бизнис потфати. Синови, братучеди, зетови и сватови, нашле место во шемата на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во КОД и интервју со Софка Пејовска Дојчиновска од антикорупциската комисија, која гледа и моќ, и нервоза, во обвинувањата на вицепремиерот Артан Груби, кон актуелниот состав на комисијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.