Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Партскиот лидер за оваа можност најави еден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираат од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.