Додека траеше реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија, пациентите чекаа и по пет месеци за интервенции, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

На Клиниката за гастроентерохепатологија чекањето за одредени дијагностички интервенции за време на реконструктивниот зафат се чекаше и подолго од 5 месеци. Ова во одредени случаи може да значи задоцнета дијагностика, особено кај малигните заболувања, односно ненавремено нивно откривање а подоцна и соодветен и навремен третман, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

фото: Фејсбук профил на комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, ќе го посети реновираниот дел на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за здравство, Фатмир Меџити. Премиерот, министерот и амбасадорката ќе бидат пречекани од директорката на Клиниката, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова.

Од Комсијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ велат дека за да дојде пациентот до колоноскопија со анаестезиолог листите на чекање на оваа Клиника се и до осум месеци.

За гастроскопија се чека до два месеци. Овие информации со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги споделуваат пациенти кои се соочиле со недостиг на термини на Клиниката. За време на реконструктивниот зафат, пациентите кои имаа потреба од третман на оваа Клиника беа пренасочувани и упатувани во другите установи. Со ваквата лоша организација, пациентите всушност беа директно упатувани од свој џеб да плаќаат за овие здравствени услуги во приватното здравство, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Со реновирањето на Клиниката за гастроентерохепатологија пациентите продолжуваат здравствените услуги наместо во нов, да ги добиваат во стар објект, а не се реновирани ниту заедничките чекална на првиот ниту на третиот кат, каде што пациентите чекаат во ладни ходници и нехумани услови. Тие ходници и чекални ги делат пациентите на УК Гастроентерохепатологија, УК за нефрологија, УК за пулмологија и УК за Ревматологија.

фото: Фејсбук профил на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.