Бугарските опозициски партии ГЕРБ и Има таков народ (ИТН) издадоа декларации за бугарските односи со Република Македонија.
Петар Николов од ГЕБ истакна дека Гоце Делчев со текот на годините станал столб на историското спознание на Македонците.
Претседателот Стево Пендоровски призна дека е неспорна историската вистина дека Делчев се означил како Бугарин, а потоа Пендаровски ги повлече своите зборови. Само народ кој го препознава, почитува и чува споменот на своите херои може да биде просперитетен, а општеството што ја препишува историјата не може да биде дел од семејството на заедничките европски вредности, рече Николов.
Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го посети секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков. Господе, чувај ја Бугарија – татковината на Гоце Делчев“, рече пратеникот од партијата на Борисов Петар Николов од собраниската говорница во Народното собрание на Бугарија.
Партијата на Каракачанов побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија.
Бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов преку соопштение побара моштите на Гоце да се вратат во Софија.
Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО.
Денеска, е незаборавен датум за нашата историја – 4 февруари, се слават 150 години од раѓањето на легендарниот војвода Георги (Гоце) Николов Делчев. Гоце Делчев е идеолог и амблем на борбата за ослободување на родната бугарска земја – Македонија. Денес, пак, сведоци сме на арогантен и непочитувачки однос на политичарите во Скопје, каде што во 1946 година комунистичките власти во Бугарија ги предале коските на легендарниот стратег и идеолог на ТМОРО, подоцна преименувана во ВМРО. Но, на овој незаборавен датум, излегува дека ниту премиерот на Македонија Ковачевски, ниту министерот за надворешни работи Османи, ниту претседателот Пендаровски нема да ја почитуваат церемонијата на чествување на споменот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје заедно со бугарската делегација, реагираат од партијата ВМРО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.