Остварено првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Со 88 гласа „за“ вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за дво третинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во собранието за структурални и важни прашања и покажа дека работи на агендата „Македонија повторно твоја“.

ДУИ го гласаше законот без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. По синоќешната средба на Европскиот фронт со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата рекоа дека беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Во вчерашните 88 гласа ЗА владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет:

58 гласа од ВМРО
14 од ВРЕДИ
6 од ЗНАМ
2 од турската ТДП
1 од ДПА
6 пратеници од ДУИ
СДСМ со 16 и Левица со 6 беа ПРОТИВ со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова (ЛДП) отсутна.

За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ова е првата голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите.

Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.