Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми се очекува утре до Обвинителството да ја поднесе кривичната пријава против обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал, поради како што вели, злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи.
Според Финансиската полиција, обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка.
Обвинителката Вилма Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја.
Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.