Конфузен демант пристигнува од директорката на ООУ „Свети Кирил и Методиј“- Скопје, Центар за Работниот лист поделен на првачињата, кој вчера предизвика бурни реакции во јавноста.

Директорката тврди дека „сликата е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во училиштето“. Но, таа ги објавува и извинувањата од родителите на учениците во I-2 одделение, како и на родителот кој ја објави фотографијата на социјалните мрежи, во кои тие се извинуваат за нивната реакција на листот доделен по предметот Општество, и што тој бил изваден од контекст.

 

ООУ Свети Кирил и Методиј, Центар, Скопје, во целост ги демантира наводите во реакцијата објавена на порталите ,,Коалиција за заштита на децата“ и ,,Задачата.орг“. Под насловот на веста од наведените портали: „Скандалозна домашна задача за првоодделенци во Скопје” се крие малициозна тенденција за искривување на фактичката состојба во нашето училиште. Одговорно тврдиме дека ова не е точно и ја демантираме во целост оваа злонамерна конструкција против нашето училиште.
Имено, сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача.
Исто така, апелот до родителите за заштита на децата од ЛГБТИ индоктринација за време на наставата е надвор од секое здраворазумие и секако е главна активност на групи, организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Ние, наставниот кадар и родителите кои ни ги довериле своите деца, нема да подлегнеме на вакви притисоци и тортура врз угледот, работата и успесите на училиштето. Нашето училиште, афирмира здрава перцепција на објективната реалност, градиме здрава иднина на нашите ученици и ги негуваме сите семејни вредности. Не дозволуваме никој да ја злоупотребува среќата на нашите првоодделенци за своја корист и цел.
Затоа, училиштето,најостро ги осудува ваквите обиди за злоупотреба на учениците и родителите, преку лажни објави.Оттука, во име на точно информирање и добробит на учениците, бараме да се изврши корекција на објавениот текст, пишува директорката Соња Кирковска.

Родителот кој го објави Работниот лист вели дека искрено жали што го објавил во момент на афект:

Извинување простигна и од родителите кои сметаат дека оваа задача беше извадена од контекст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.