Скандалот со ТВ презентерката Бесмира Ејупи добива ново продолжение. Јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага. Е сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната личност обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Бесмира Ејупи е вработена од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“.Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул, затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша. Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат.Ова мора да има крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.