Дали Македонија има двојна дипломатија во односите со Бугарија? Ова прашање се наметнува откако поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го гледаме растрчан по европските и балканските метрополи во обид да ја образложи ситуацијата во која се наоѓа Македонија и можноста да попуштиме за националните прашања и преговорите со источниот сосед.
Нема сомневања дека Димитров како поранешен вицепремиер за евроинтеграции и шеф на дипломатијата е добро упатен во преговорите и дека она што го говори е точно.
Но, секогаш има едно „но“. Она што сега го говори Димитров го знаеше и додека беше на функција, само што тогаш беше тивок и речиси незабележлив.
Последната посета на Димитров беше во Париз каде нагласи дека треба да му се даде нова енергија, решителност и динамика на Балканот и цврсто да се закотви во европски води.
Претходно Димитров беше и во Тирана кај Еди Рама каде што ја контатираа недоволната решителност на ЕУ во процесот на прошируваање.
Димитров најосторо реагираше на изјавата на Радев дека македонскиот идентитет е вештачки и фалсификат. Затоа Димитров не е омилен во Бугарија и со олеснување ја примија веста дека на чело на дипоматијата застанува за нив контруктивниот Бујар Османи.
И навистина Османи е омилен соговорник во Софија. За него нема нерешливи прашања и се е на маса па дури и македонскиот идентитет. За Османи јуни е последна шанса за договор како беше и јануари и други месеци претходно.
И како не би бил Османи омилен за Софија кога и самиот Димитров пред неколку месеци дека не му верува на Османи кој според него сакал по секоја цена да се реши прашањето со Бугарија.
И навистина Димитров е во право кога вели дека „ова прашање е поважно од Владата, од оваа, од следната, од сите“.
Да поважно е, но на тоа требаше да се мисли кога Заев го потпишуваше договорот со Борисов, исто како што тој се потпиша на „Преспа“ со Козијас.
Принципот е ист, се друго се нијанси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.