Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров потенцира дека Бугарија сега сака да го внесеме делот од бугарскиот народ што живее во земјава во нашиот Устав.

-3504 граѓани на последниот попис. Двојниот стандард тука е неверојатен. Реципроцитет би бил и тие барем да го обезбедуваат правото за слободно здружување и регистрирање. Тие велат кај нас да внесеме дел од Бугарите во преамбулата, а не сме спремни да изговориме дека мнозинството што живеат тука, македонскиот народ е македонски и да изговориме македонски јазик, чесно би било да пробаме, побара Димитров.

Тој појасни дека Бугарија има аспирација да нѐ „бугаризира и асимилира“.

-Има јасно соопштено таква аспирација дури и од шефот на бугарската држава, која што е испреплетена со нашиот пристапен процес кон ЕУ. Ние не сме внатре, тоа е погрешна теза. Ние сме во НАТО и таму сме рамноправни. Ако сега ова помине, следнава недела можеме да имаме Прва меѓувлаадина конференција со ЕУ и Комисијата ќе почне скрининг, но фазата за отворање е во две меѓувладини. За втората ќе чекаме две-третинско мнозинство во Собранието и отворање на Уставот, смета Димитров во гостувањето на „Само интервју“ и додава:

-Не гледам никаква опција пратеник од опозицијата да влезе и да гради дветретинско мнозинство за овој предлог. Овој предлог за разлика од Преспанскиот договор не го затвора македонското прашање на начин „ние сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.