Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека земјава и Европската Унија се заемно поврзани и оти успехот или неуспехот на едната е успех и ли неуспех на другата.
-Ние сме во ситуација на заеднички успех или заеднички неуспех. Македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регинот на Западен Балкан. Тоа го кажа и самата Комисија во пакетот за проширување во октомври, тоа го кажуваат и официјални претставници на Франција. Затоа ако успееме, успехот ќе биде и на ЕУ, ќе биде добар за регионот, ќе биде добар за Македонија и за Бугарија. Неуспехот е исто така пораз и голем проблем за сите, вклучувајќи не и нас нашите комшии и самата ЕУ, рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.