Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Топ тема„ на Телма телевизија, изјави дека политичката сцена во Македонија повеќе не е обоена во две бои. Промените се случуваат и никогаш повеќе нема да биде исто.

Прашан зошто се вклучиле во владата и што е она што ЗНАМ како партија на центарот лево го има заеднички со ВМРО-ДПМНЕ какон партија позиционирана десно, Димитриевски одговори:

Најмалиот заеднички содржател, т.е. најголемиот заеднички содржател е Македонија. Да биде стабилна, политички стабилна, да се обезбеди една влада којашто ќе спроведува една реална програма, која ќе донесе стратегија за борба против корупција, суштински ќе се бори против корупцијата, ќе излезе со нови кадри, коишто не се корумприани во јавноста, коишто немаат хипотеки зад себе и реално и суштински не само што ќе спроведе реформи, туку првенствено ќе го врати владеењето на право, правна држава, ќе обезбеди самооддржливост на државата во делот на енергетиката, зголемување на земјоделското произвдоство, подобрување на условите за работа во Македонија и дополнително значи ќе ги насочи средствата кон граѓаните за да се подигне секое семејство поединечно, како што делумно тоа ние го нарпавивме во Куманово, особено голем број на мерки, вклучувајќи ја и бесплатниот автобуски и јавен превоз на
граѓаните. Бидејќи на секое семејство му останува од 50 до сто евра само по таа ставка во буџетот“.

Димитриевски нагласи дека тоа може да се оствари, ако се направи организирано и системски.

Што е потребно? Потребно е луѓето коишто денеска седеа на седница на влада да сакаат да работат, да создадат професионални тимови, да департизираат максимално во министерствата, да го искористат тоа професионално знаење, да ја насочат енергијата, да добијат соодветна финансиска поддршка и да реализираат проекти сите во делот на своите ресори и надлежности“, изјави Димитриевски.

Во однос на департизацијата на администрацијата Димитриевски истакна дека треба да се работи долгорочно, а тоа подразбира првенствено демократизација на политичките субјекти од внатре.

Не постои држава во светот кадешто вие имате во една партија која добива 200 илајди гласа на избори, сто и повеќе илјади членови. Видете го скандинавскиот модел, партиите добиваат по милион гласови, а имаат по 30-40 илјади членови“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека во изминатите 30 години се случи процес во кој луѓето стануваа членови на партии за да можат да се вработат.

Но, мора да ставиме крај на тоа во државата. Првенствено на тие што не доаѓаат на работа, а земаат плата, а тоа во најголем дел не се само рамковисти, покрај нив и многу партијаши. И кога тоа ќе го искорениме ние ќе го намалиме буџетот за плати во државата кој оди кон јавна и државна администрација. Мора тој мерит систем којшто се најавува еднаш засекогаш да се воведе во сила и да функционира. Затоа и го баравме тоа министерство за јавна и државна администрација коешто ќе ја има главната улога во спроведување на реформата и ние тука сме апсолутно растеретени, затоа што ние не должиме на никому. Должиме едноставно на граѓаните кои ни ја дадоа поддршката“, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека политичката волја е многу битна кога станува збор за спроведување на една реформа во администрација.

Квалитетот треба да го сузбие квантитетот и не треба да ни се случуваат исти работи како во минатото. Етничката припадност не е важна, битно е дали знаете да работите или не“, истакна Димитриевски.

Во однос на соработката со ВМРО-ДПМНЕ тој нагласи дека довербата кај граѓаните е нарушена, а очекувањата се огромни.

Времето ќе покаже.Тоа ќе го видиме уште во првите сто дена од владата. Јас во оваа влада гледам енергија и гледам желба дека сака да се работи. Во претходната влада беше изгубена и енергијата, а да не зборувам за сите афери. Но, нема да зборувам за нив. Излеговме на избори, изгубија катастрофално. Сега доаѓа моментот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Вреди и на ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ претходно направи договор со Вреди, дополнително, значи не потпишавме договор, усогласивме владина програма за поддршка и со нас“, порача Димитриевски“.

Тој нагласи дека ЗНАМ ќе биде гаранатот дека никогаш повеќе нема да може некој да го уценува со непристојни предлози партнерот во владата, а коишто ќе одат на штета на македонските националнин и државни интереси.

ЗНАМ ќе гарантира дека ова мнозинство нема да опстои доколку се случи повторно феноменот на мултикорупција, мултикриминал, неказнивост и селективна правда. ЗНАМ ќе гарантира дека нема да добијат можност да се реализираат најцрните сценарија, туку се што ќе се случува, ќе се случува објективно, транспарентно, отчетно и одговорно пред самата јавност, македонска и никогаш повеќе нема да има договори во четири очи каде што со закон ќе се даде можност на одредени компании да бидат избрани на тендер и да станат кабадахии во нашата држава. Како што е коридорот 8“, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.