Градоначалникот на Куманово излезе со рекација на навредите изречени од шефот на државата Стево Пендаровски кој вчера рече дека би се срамел Димитриевски да му дава поддршка и оти никогаш не биле сопартијци.

Промискуитетни изјави кои имаат за цел да дискредитираат и да ги делат граѓаните по политичка припадност не коментирам.Јас имам за цел да ги обединам граѓаните кои се длабоко поделени по сите основи особено македонците кои се згазени и се чувствуваат предадени од страна на сопствените политички репрезенти, луѓето не ги делам по политичка, верска или било каква друга основа а најмалку пак ги доживувам како глас, за мене секоја индивидуа е личност со интегритет и единствената разлика може да се направи во однос на добри и лоши, работливи и неработливи, луѓе со став и луѓе кои менуваат ставот по потреба или пак по налог како што за жал до сега многупати се потврди во случајот на нашиот Претседател на државата.
Како и да е Македонија преживејала и полошо и полицемерно но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации кои се секојдневни, сите заедно ќе го надминеме и овој феномен и повторно ќе продолжиме напред-напиша Димитриевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.