Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата Клик21 на ТВ 21 истакна дека поделбите во општеството ги прави политиката и дека политичарите се избрани претставници од граѓани и истите треба да ја следат желбата на граѓаните, а не да се одалечуваат од нив.

Поделбите во општеството ги прави политиката. Имате случај во Македонија, владеат три политички партии во континуитет. СДСМ, на којашто до вчера и припаѓав и јас и се уште се чувствувам социјалдемократ, но за жал не сум во таа партија бидејќи ме исклучија поради моите ставови. Не заврши постапката, но тие си донесоа одлука, тоа не е партија, тоа е приватна фирма, функционира како акционерско друштво, ги држат позициите, функциите во системот – рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека интригите ги уништуваат политичките партии. Тој напомена дека СДСМ како партија во која израснал од 17 години, па се до пред неколку месеци била државотворна партија, но сега е целосно под
контрола на мала група на луѓе кои ги држат своите позиции.

СДСМ беше партија со над 200 илјади членови, денеска се сведе да не може да организира 20 автобуси, Зошто е така тоа? – праша Димитриевски.

Во емисијата, тој изјави дека не е точно дека ќе го рушел СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ, тој напомена дека ќе ја сруши власта, а СДСМ еден ден ќе се дигне и ќе биде државотворна партија.

Онаа соработка што се импутира од страна на некои провладини медиуми дека всушност Максим Димитриевски соработува со ВМРО-ДПМНЕ е апсолутна невистина. ВМРО и јас официјална коалиција немаме потпишано. Ние имаме официјална коалиција во албанскиот електорат. Таа импутација не поминува – истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.