Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски е во официјална посета на Израел на покана на градоначалник на Ерусалим Моше Лион како дел од „MuniWorld“ конференција која се одржува во Ерусалим и Тел Авив, информираат од кабинетот на градоначалникот Димитриевски.
Денеска имав можност на приемот кај претседателот на Република Израел, Ицсхак Херцог да му врачам подарок книга „The Soul of Macedonia” и да го претставам нашиот град Куманово, нашата култура, традиција и посебност, истакнал Димитриевски во своето обраќање.
Конференцијата MuniWorld и саемот MUNIEXPO, како што посочија се фокусираат на урбани иновации, решенија за паметни градови, претприемништво, претставувајќи идеи и решенија кои се применливи за општините и деловните организации насекаде во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.