Димитриеска Кочоска: Овој предлог е дипломатски нокаут и комплетна капитулација, затоа верувам дека граѓаните денес во 19:00 ќе излезат пред Влада за да се спротивстават

Македонија 02.07.2022 / 18:37

Не станува збор за успех со овој предлог, тука станува збор за дипломатски нокаут и комплетна капитулација на Владата. Ако навистина беше голем успехот на Владата зошто тогаш веднаш не ги објавија документите на страната на Владата? Туку чекаа да ги имаме документите ние и откако знаеја дека ги имаме документите и дека ќе ги објавиме брзо тргнаа да ги објавуваат, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во интервју во вестите на МТВ.

Таа додаде дека очигледно беше и повеќе од јасно дека нешто се крие. Се е исто, станува збор за мали и ситни корекции во зборови. Тука станува збор за многу голема капитулација на оваа власт.

Во континуитет ги слушам како зборуваат дека најголемата придобивка било дека го зачувале македонскиот јазик. Тогаш ако го заштитиле македонскиот јазик, првото прашање би било зошто ќе поднесеме унилатерални изјави на македонската Влада и бугарската Влада?“ кажа Димитриеска Кочоска, и дополни дека тоа е уште една од многуте лаги на СДСМ дека е заштитен јазикот, а јазикот воопшто не е заштитен.

Таа верува дека граѓаните денес во 19:00 часот ќе излезат пред Владата за да се спротивставиме на оваа капитулација и дека Европските вредности на сите ни се јасни а тоа е разговори и преговори, а не ултиматуми и диктати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslar