Петседателот на ДИК Александар Даштевски и членовите на ДИК Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири денеска преку соопштение изразуваат загриженост за, како што велат, настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК за постапувањето по приговорите за парламентарните избори.
– Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК, се вели во реакцијата.
Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, како што наведуваат, исто така сме загрижени и дека е можно да преминат и во лични напади на нашата сигурност.
– Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори. Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите, стои во реакцијата.
Според тоа за ДИК, како што се наведува, се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.
Посочуваат дека за сето ова денеска на средбата во ДИК била известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стирк.
Премиерот на техничката Влада Талат Џафери вчера на прес-конференција соопшти дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување и оти на ваков начин се прави обид за изборен инженеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна.
Управниот суд вчера одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година. Постапката беше прекината, откако претставникот на Коалицијата „Вреди“ изјави дека ја повлекува тужбата во целост.
До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 27 приговори за парламентарните избори – девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Прифатени беа седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица. Во Изборната единица 5 прифатени беа приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2101 во Желино.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.