Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 72 седница на која беа разгледани повеќе точки, на која меѓу другото го усвои оперативниот план на стручната служба на ДИК за менаџирање избори.
Претседателот на Комисијата Александар Даштевски посочи дека планот бил работен подолго време во соработка со мисијата на ОБСЕ, воедно појасни дека се работи за посветеност на зголемување на организацските капацитети и вештини на изборната администрација со цел да се зголеми ефикасноста во нејзиното работење
-Во овој стратешки план еден од приоритетите, кои ДИК ги поставува е подобрување на внатрешната организација и функционирање. Намена и целта на планот е да ги објасни клучните процеси кои стручната служба на ДИК ги спроведува во рамки на изборниот процес, како и специфичните активности, кои ги опфаќа процесот. Планот има цел навремено да ги подготви сите вработени во стручната служба за успешно спроведување на изборите, да овозможи јавност, конзистентност и координаираност во спроведување на активности и да ја подобри внатрешната комуникација, појасни претседателот на Комисијата.
Потпретседателката Дитмире Шаху оцени дека овој оперативен план ќе биде од голема корист за вработените во ДИК.
„Оперативното планирање ДИК го прави секоја година пред организирање на избори, но овојпат благодарение на мисијата на ОБСЕ истото го ставивме на хартија и го носиме на седница. Ова ќе ни користи нам во ДИК, ќе им користи и на самите вработени, освен за подобра комуникација согласно законот, а исто така и полесно да се справуваат со обврските за време на избори, како и на помошните тела да им помага во делот на нивните обврски, кои ќе ги имаат кога ќе се вклучат по распишување на избори, но и на сите чинители кои се заинтересирани за работата на ДИК и за делот на организирање и спроведување на изборите. Истиот оперативен план по усвојување ќе биде ставен и на нашата веб страна“, рече Шаху ,по што предлогот беше едногласно.
На дневен ред беше ставен и предлог измена на упатството со методологија за примена на член 21 став 1,2,3 и 4 од Изборниот законик за избор на претседател, членови и нивни заменици во нивните општински изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје
Потпретседателка побара во упатството да се смени делот во кој се вели граѓаните припадници на други заедници.
„Досега истото упатство го користевме и немавме проблем, само се смени основот, бидејќи изборот во делот на национална припадност се вршеше според пописот во 2022 година, сега барам да се смени со пописот на население од 2021 година, бидејќи тука имаме и разлики во некои општини и само барам да се смени членот 1 до ова упатство“, рече потрпетседателката.
Од друга страна, членот Бобан Стојаноски преложи предлогот да се допрецизира во членот 1 и да се создадат услови за сооднос при изборот на членови на општински изборни комисии од заедници кои живеат на територијата на општините.
„Во однос на предлогот сакам да се допрецизира во членот 1, односно да се додаде пред попис на насление од 2021 година вкупно резидентно население од пописот 2022 година, бидејќи самиот попис на население извршен 2021 година опфаќа категории на население од кои се обезбедуваат податоци и тоа вкупно резидентно и нерезидентно население, со оглед дека и пописот во 2022 година беше спроведен на резидентно население немаше потреба од допрецизирање на оваа одредба. Исто така, во истиот член во 2 и 3 став предлагам бројот 70 да се замени со бројот 80 за да имаме сооднос при изборот на членовите во општинските изборни комисии од заедниците кои живеат на територијата на општините, рече Стојаноски.
Комисијата не ги усвои предлозите по оваа точка.
Комисијата исто така ги разгледа барање за изземање на извршување од должност на претседател членови и нивни заменици во нивните општински изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје.
Комисијата ги разгледа сите 68 пристигнати барања за изземање од должност поради престанок на работен однос. Од нив прифатени беа 65, а за останатите три ќе се одлучува понатаму.
Потпретседателката ги повика сите граѓани да ги проверат навреме своите податоци во избирачкиот систем.
„Сите граѓани можат да вршат увид во податоците од избирачкиот список по електронски пат официјалната страна на Комисијата или на адресата https://izbirackispisok.gov.mk/ или лично во подрачјата или канцелариите на ДИК“, информира Шеху.
Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија согласно подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК на upisis@sec.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.