Денес, претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Македонија, Хз. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.
На средбата, главниот фокус беше на последната одлука на Владата на Република Македонија, донесена на седницата на 26 март 2024 година, со која се дава одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – во село Кондово, Скопје, акредитирано и со редовен статус на гимназија. Оваа одлука, претставува решение за долгогодишниот проблем со кој се соочуваа учениците од Медресата Иса Бег во Скопје, кои откако ќе завршеа средно образование во исламската гимназија, не можеа да се запишат на универзитетски студии на факултетите во земјата, што за нив претставуваше голем хендикеп и дискриминација. Воедно, ова е прашање за кое премиерот Џафери изрази интерес и за време на неговиот мандат на претседател на законодавниот дом, кога се обврза да оформи работна група која ќе изготви законско решение со кое ќе се регулира статусот на верските училишта кои се исклучително важни за постигнување на повисока меѓу-религиска толеранција и превенција од какво било застранување од изворното учење.
Еф. Фетаи, изрази благодарност за средбата и признание за упорноста и посветеноста на премиерот Џафери во наоѓање на модус со кој ќе се оствари оваа цел и конечно и учениците што ја следат наставата во Медресето Иса Беу, ќе може рамноправно да се вклучат во високообразовниот систем во Република Македонија. Наставата во Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ ќе се изведува на македонски, на албански и на турски јазик. Ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование согласно наставните планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука и согласно Законот за средното образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.