Претседателот на Собранието, Талат Џафери смета дека постои потенцијал Украина да „размисли позитивно“ за признавање на независноста на Косово. Ова го кажал тој во гостувањето на косовската „Teve1“.
Џафери вели дека Украина во моментов, поради воената состојба, нема простор конкретно да се занимава со прашањето за признавањето, но додава дека можат „во одреден временски контекст“ да размислуваат за признавањето на Косово.
Констатирајќи дека во Прага на последниот состанок на Кримската платформа, на која се собираат парламентите на земјите, не се зборувало за тоа, поради ситуацијата во самата Украина.
„Тие во моментов го немаат луксузот да се занимаваат со тоа прашање, но сепак мислам дека има потенцијал позитивно да се размислува за ова прашање“, рекол Џафери, пренесува „Kosovo Online“.
Како што вели, потребен е и соодветен одговор од Косово на настаните во Украина, без да се земе предвид признавањето.
„Треба да се оценат настаните, да се осудат постапките на Руската Федерација и да се даде поддршка на Украина. Ова е почетната точка на официјалната комуникација меѓу двете земји, без разлика што тие официјално не се признаваат меѓусебно“, посочил Џафери.
Околу состојбите во Косово и преговорите со Србија, претседателот на македонското Собрание вели дека Заедницата на српските општини не треба да биде трето ниво на власт.
„Се согласувам со фактот дека не треба да има елементи на извршната власт, односно елементи кои го попречуваат практичното спроведување. Кога велиме извршни елементи, тоа е третата власт, субјектот е тој што одлучува и мора да има целосна автономија на одлучување“, кажал спикерот на македонскиот парламент.
Тој додал дека општините во Македонија немаат извршни овластувања да го спречат спроведувањето на одлуките на централната власт.
„Општините во Република Македонија имаат извршна автономија за овластувањата утврдени со Уставот и закон, општините имаат право на Заедницата на општините на локалната самоуправа, но во контекст на функционирањето на државата, немаат извршни овластувања да го спречат спроведувањето на централните одлуки на државата“, истакнал Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.