Талат Џафери денеска треба да ги седне на иста маса координаторите на пратеничките групи. Тие треба да изградат став на која комисија ќе биде покажан договорот со „Бектел и Енка“, но само пред оние пратеници кои имаат безбедносен сертификат.
ВМРО – ДПМНЕ вчера тврдеше дека Артан Груби признал оти недонесените законски измени ќе чинат милионски пенали, а тие имаат план како да ги надоместат.
Артан Груби признава дека по штетниот договор потпишан од крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра, реагира денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.