Јован Деспотовски, еден од кандидатите за претседател на СДСМ, преку социјалните мрежи објави видео во кое објаснува дека завчера имал, како што вели, мала здравствена криза поврзана со слепото црево.
Операцијата, како што објаснува Деспотовски, поминала како што треба и поради тоа морал да ги откаже сите теренски активности.
Веќе во текот на денешниот ден сме оперативни и во 19 часот продолжуваме со чет во живо за сите предлози и коментари што ќе ги имаме. И од утре, секако, продолжуваме со иста динамика и темпо во теренските посети бидејќи навистина успеавме во изминатите неколку недели да иницираме еден сериозен бран енергија и желба за промени. Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно, порача Деспотовски во видеопораката што ја објави вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.