Очекувам и верувам од поддршката што ја добиваме дека одиме кон целосно нов впечаток, увеврен е кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Тој во интервјуто за „Република“ говори за изборите на 30 јуни, за одложенот конгрес, како и за тоа дали има фаворизрање на одредени противкандидати.
Во врска за причините за одложувањето на конгресот, Деспотовски вели дека тие најточно се дознаваат ако разговарате со луѓето.
Мислам дека сето акумулирано незадоволство и гнев мислам дека малку го потценивме, мислејќи дека луѓето и натаму ќе дозволуваат да се однесувме кон гласачите како гласачка машина без да ги слушнеме нивната разочараност, гнев, негативна енергија кон сето тоа што се случи. И да, и тие што дојдоа и тие што не дојдоа испратија многу јасна порака.И со доаѓањето и со недоаѓањето испратија порака дека се незадоволни.
Тој не е сигурен оти партиското раководство имало проценка декка конгресот ќе пропадне.
Треба да се даде можност на луѓето да го изразат својот став.Во историјата на партијата досега не случило да не се одржи конгрес а сме имале ситуации кога сме доживувале тешки порази.Сепак не станува збор за фракции туку за став, негативен кон состојбите во партијата кој посто насекаде подеднакво.
Деспотовски нема информации дали во неделата кога се одржуваше конгресот во еден ресторан близу хотелот Александар Палас се одржувал т.н паралелен конгрес.Во ресторанот биле собрани Оливер Спасовски и Миле Зечевиќ со повеќе делегати.
За тоа дали на СДСМ му се закануваат фракции,Деспотовски вели дека ќе зависи од тоа како ќе биде воден и завршен изборот за претседател.
Тука не станува збор само за исходот од гласањето, туку и самиот процес.Ако во рамки на самиот процес поттикнеме, овозможиме што е можно поголем број на членови да го препознаат својот интерес и да се вклучат преку активната регистрација и да учестуваат во изборите и во јавните дебати кои се надевам ќе ги имаме во тој случај мислам дека сме на добар пат.Доколку се овозможи да имаме фер постапка во која нема да има наметнати решенија и во која секој глас ќе биде препознаен.Многу е важно и резултатот на самиот изборен процес на кој луѓето ќе треба да кажат дали се за континуитет или радикален дискотинуитет.
Деспотовски е свесен дека има фаворизирање на неговиот противкандидат Венко Филипче од страна на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев.
Пропуштаме како партија да имаме добар изборен процес во кој сите поранешни претседатели ќе излезат со јасен став дека трката е отворена и дека секој член има право да го изрази својот став за фер и отворен процес без да фаворизираме никого.Тој елемент можеби недостасува, дека ниту еден од лидерите ниту партиски членови не застанува позади никого. Во политиката впечаток е се.Поддршката или перцепцијата за поддршката за некој од кандидатите создава и позитивна реакција кај луѓето, но и негативна реакција. Овие избори не треба да се претворат во референдум „за“ или „против“ туку да бидат аргументи, начин програма.Мора да имаме позитивен пристап.
Тој е разочаран што противкандидати не се јавија на неговиот повик да се потпише заедничка изјава изборот да биде според програма а не според пазарење.
Изјавата е симболичен чекор да ги увери луѓето дека целата таа негативна практика дека луѓе влегуваат во трката за да се афирмираат себеси и да стекнат капитал кој потоа го користат во пазарење.Мислам дека сега не треба да си играме политики бидејќи СДСМ е на едно историски најниско ниво и не претеруваат кога ќе кажат дека ситуацијата ни е „живот или смрт“. Многу зависи од оваа постапка дали ние ќе испливаме од калта во која сме.Мислам дека сега го немаме тој луксуз да ги повторуваме негативните практики од минатото-влегуваат луѓе во трка, стигнуваат до некаде и велат „капиталот што го стекнав ќе го искористам за да станам генерален секретар или заменик претседател“.
Тој не смета дека обединувањето не треба да биде на начин со кој ќе седне со противкандидатите и ќе се договорат.
Тоа е погрешен пристап.Прво треба да видиме за што ќе се договараме, дали имаме програми кои се исти, пристап, имаме иста визија или немаме.Лажна е дилемата ако некој не е функционер не може да даде придонес во партијата.Што станува со тие 80.000 членови?Тоа значи дека сите обичн членови во партијата како мене и трчаат на сите избори и меѓу избори работат, нивниот придонес е недостоен поради тоа што не се функционер, а се брои само придонесот на фунционерите.Јас не сметам дека треба некој да биде фунционер за да даде придонес.Јас со изјавата јавно декларирав дека доколку неуспеам на 30 јуни да ја добијам довербата од членовите јас нема да прифатам ниту една друга фунција во партијата, ќе останам член и ќе продолжам да давам придонес.Истото очекувам дека ќе го направат и другите противкандидати иако исто така пропуштија добра можност при кандидатурата да ја поднесат таа изјава.Taa изјава ќе покажеше дека сите ние сме влезени во трката за да стигнеме до крај.
Деспотовски уверува дека нема да се случи ако било кој од предложените кандидати биде избран и подоцна се покрене судска постапка тоа да биде искористено како алиби дека се прави притисок врз лидерот на опозицијата.
Сите граѓани се еднакви пред законот.Ако против било кого има судска постапка и докажана вина немам дилема.Треба да внимавме дека понекогаш и власта, односно институциите знаат да претераат и да се користат тие алатки за наметнување политичка агенда.Во програмата предвидено е формирање на етички совет во партијата со прилично извршни функции.Тоа значи ако во рамки на самата партија ние предвидуваме стрикно почитување на одредени етички норми на однесување јас немам дилема дека тоа ќе се однесува подеднакво за сите функционери без разлика кој на која позиција е во врска со почитување на законите во државата. Лажна е дилемата дека доколку некој се соочи тоа ќе биде протолкувано како политички или не.Македонија е мала држава и работите се знаат. Доколку имаме принципиелен пристап од страна на институциите ќе се потпираме на закони, односно има докази или нема докази.
Деспотовски верува дека СДСМ ќе биде силна опозиција.
Зависи од процесот кој сега го спроведуваме и колку ќе успееме да ги убедиме прво луѓето во партијата а потоа и јавноста дека имаме волја и капацитет да спроведеме чиста постапка.СДСМ беше носител на извршната власта кој даде голем придонес за спроведување на изборен процес за кој може да ни позавидат многу членки на ЕУ. Кога СДСМ е на власт имаме чисти избори.Бидејќи сме придонеле како партија тоа да се случи мислам дека тоа можеме да го направиме и дома во партијата.Исходот од изборите е исто така многу важен.Од исходот на изборите ќе зависи дали членовите ќе се определат за континуитет или ќе има дисконтинуитет.
Како главна причина за поразот на изборите на СДСМ Деспотовски го гледа тоа што ги заборавиле потребите на луѓето.
Има секојдневни проблеми за кои власта е тука да ги решава.Доста работи се направија во делот на економијата меѓутоа потфрливме да ги искомуницираме. Имаше и инстуции тој фокус на ЕУ и на прашањето со Бугарија го користеа да не прават ништо. Се создаде впечаток дека сме во подредена позиција во сопствената партија,кадровските прашања…има ред прашања на кои потфрливме.Личните карти и пасошите можеби само го зацврст впечатокот дека можеби не сме доволно способни за да владееме.
Деспотовски апелира и се надева дека што е можно поголем број членови на СДСМ ќе гласаат на партиските избори.
Ни треба што е можно поголем број бидејќи ова е еден од начините луѓето да ги мобилизираме и враќаме назад.Тоа треба да ни биде примарна цел. Со самиот чин на регистрација настојуваме дополнително да го олесниме овој процес.Разгледуваме мноу можности како тој број што ќе учествува во процесот да го золемиме максимално.Така ќе гарантираме дека изборот на луѓето ќе биде без влијаније бидејќи колку повеќе луѓе се вклучени во процесот влијанието е помало.Тоа е еден од првите чекори што ги правиме за да ги вратиме луѓето назад.Затоа сметам дека е важно да имаме голем број регистрирани луѓе. Верувам дека ќе имаме фер избори-верува Деспотовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.