Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот. Од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10-тина луѓе. Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај. Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот Тот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот? Одговорност мора да има. Спасовски оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.