Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе ги извршува своите партиски должности во Струмица, за што информира на Фејсбук.

Денеска целиот ден ќе го поминам во убавата Струмица. По кратката средба со еден од најуспешните градоначалници во земјата Kostadin Kostadinov, продолжуваме заедно со посета на многу важни проекти за градот и за струмичани, напиша Ковачевски споделувајќи фотографија со Костадинов.

Денеска 09.11.2022 (среда) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:

– Конче, говорник: Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ
– Босилово, говорник: Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ
– Ново Село, говорник: Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ
– Радовиш, говорник: Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ
– Василево, говорник: Вангел Андрески, организациски секретар на СДСМ

Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Струмица во сала „Парк“ во 20.00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.