Емилија Шопар-Јованова, Ненад Савески и Наташа Габер-Демјановска се тројцата кандидати за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Деветчлениот управен одбор на Академијата денеска треба да одлучи кој ќе ја води Академијата во наредните четири години.
Наташа Габер-Дамјановска беше директорка на Академијата во последните четири години. Судијката Емилија Шопар-Јованова доаѓа од скопскиот граѓански суд, а Ненад Савевски е судија во Основниот кривичен суд во Скопје.
Откако Зоран Герасимовски се повлече од в.д. директорското место во Академијата, овие два дена в.д. директор е Бесир Алиу, член на управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.
Герасимовски инаку е и член на Судскиот совет, но откако Државната комисија за спречување на корупцијата укажа дека директор не може да биде судија кому функцијата му е во мирување, Герасимовски се повлече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.