Демократскиот сојуз бара членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки поради случувањата во Советот, но пред сѐ поради некредибилниот судски систем, недовербата на граѓаните во судиите (само 3 отсто од граѓаните имаат доверба во судиите), како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем, реагираат денеска од ДС.

По констатирањето на оставките да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет. Демократскиот сојуз инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите. Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина, велат од ДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.