Бугарската делегација лично ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, рече утрово бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев
Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата.
Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев. Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.