Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА денеска ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 31 декември на 95-годишна возраст. Тој ќе биде погребан денеска, а на погребот се очекува да присуствуваат голем број на шефови на држави или влади, како и членови на кралски семејства.

Илјадници луѓе вчера се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело изминатите три дена беше изложено во базиликата Свети Петар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.