Ангажирањето на луѓе од страна на институциите под договор на дело е незаконска практика, оценува универзитетскиот професор Борче Давитковски, коментирајќи ги за Фокус  информациите кои деновиве излегоа во јавност за несудената конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи и нејзината сестра Фатиме Ејупи биле ангажирани на овој начин од повеќе институции, со образложение дека се соочувале со недостиг на кадар поради неможност да спроведат редовни постапки за вработување.

Согласноста од надлежното Министерство за финансии е неопходна за реализација на редовните вработувања согласно систематизацијата. Законски, дозволен е ангажман и на луѓе под договор на дело во итни и вонредни ситуации, но, исто така, и за нив е потребна согласност од Министерството. Но, ваква согласност нема, па се поставува прашање како инсттиуциите ги плаќаат овие лица, од кои буџетски ставки? – вели Давитковски за Фокус.

Со оглед дека самите институции кои ангажирале голем број на луѓе со договор на дело признаваат дека тоа го направиле бидејќи не добиле согласност за редовни вработувања, Давитковски тврди дека се работи за кривично дело. Според него, тој што ги ангажира луѓето на овој начин врши злоупотреба на службена положба и овластувања. Но, додава тој, кривично дело врши и оној, односно оние што примаат буџетски средства без да бидат ангажирани во процедура предведена со Законот за административни службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.