Повторно дојави за бомби, повторно евакуации на училишта, повторно тензии, а Оливер Спасовски продолжува со неспособноста и не може да се справи со оваа безбедносна закана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно капацитетите на МВР ги ангажира само кога се работи за обезбедување на партиски настани на СДС, а не и за граѓаните. Да потсетиме дека полицијата го чуваше 24 часа објектот кај што требаше да се одржи трибината на СДС, а во исто време граѓаните се во постојана тензија и страв од дојави за бомби во трговски центри, станбени објекти, хотели, институции и други јавни места веќе со месеци. Дури и странските амбасади веќе ги предупредуваат нивните граѓани кои патуваат во Македонија. Сите се загрижени за безбедноста, само Спасовски и Ковачевски мува не ги лази. Останува нејасно зошто неспособниот Спасовски до сега не побарал помош од меѓународни и домашни експерти за решавање на овој проблем? Зошто дури сега после три месеци од континуирани закани и тензии се координираат безбедносните служби? Зошто не се искористени капацитетите на нашите пријателски и партнерски земји кога веќе власта тврди дека сме под хибридни напади? Дали власта на Ковачевски намерно дозволува да се шири страв и тензии во јавноста толку долго или пак толку знаат да се справат со ситуацијата?, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.