Независната пратеничка во македонското Собрание Санела Шкријељ ги повика пратениците да го прифатат францускиот предлог, бидејќи, како што самата таа рече, биле разобличени во лагите.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера од оваа позиција ги разобличи вашите лаги. Јас сум Бошњачка, но за мајчин јазик го сметам и македонскиот – истакна пратеничката, чие излагање беше проследено со звукот на вувузелите, сирените и негодувањата на опозициските пратеници.
За реплика на нејзиното излагање се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов, кој ја праша Шкирјељ како би се чувствувала доколку некој ѝ го оспорува мајчиниот јазик.
Дали ти Санела би прифатила бошњачкиот јазик да е дијалект на српскиот? Сакате да изгласате предлог со кој Македонија ќе добие трајна блокада на европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ нема да ви ја дозволи промената на Уставот – истакна Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.