Владата на седницата која е во тек заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор, објави 360степени.мк.
Илир Мемети доаѓа на местото на Фахрудин Хамиди. Смена има и кај вториот директор на М-НАВ.На местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.
Третиот директор според информациите не се менува. На таа позиција останува Хасим Деари, објави „Телма“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.