Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја.На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на Македонија.
Во разговор со иселениците во однос на предизвиците за Македонија во претстојниот период, Ковачевски ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на Македонија и посочи дека очекува дијаспората да продолжи да дава поддршка за заокружување на евроинтегративниот процес на државата.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на средбата посочи дека на претстојните претседателски и парламентарни избори важно е да се избере концептот за интеграција и европска иднина, државата да го задржи вистинскиот, европскиот пат, што е важно и за дијаспората. Токму тоа е концептот со кој ќе настапи СДСМ, кој значи подобар животен стандард, интеграција на земјата, економски развој, европска иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.