Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не е закажана но можно е да се случи  задрутре.

До пролонгирање може да дојде единствено ако лидерот на СДСМ инсистира таа да биде во проширен формат. Претседателот ВМРО-ДПМНЕ нагласи сака таа да биде 1 на 1 , односно без претставници од двете  партии.

Тоа значи дека лидерите треба да се видат очи во очи за да не излегуваат различни информации од двете страни.

Од СДСМ вчера не сакаа да го коментираат форматот на средбата туку за нив бил посуштинско што ќе биде договорено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.