Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Македонија.

Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави. На овие собири се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов.

Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија.

Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината, се вели во честитката на претседателот Пендаровски по повод празникот Голема Богородица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.