Примариус д-р Славица Трајкова, инфектолог во Општата болница Велес го прозва директорот на болницата Божидар Бојаџиев, да одговори на неколку прашања, меѓу кои и зошто во време на неговото директорување има најголем одлив на медицински персонал.

Колега Бојаџиев
Импресионирана од вашата изјава за порталот “Ти Реков Ми Рече” за состојбата на Велешката болница, не можам да не проговорам и да не ве прашам:
1. Зошто во ваше време има најголем одлив на медицински персонал?
2. Зошто тие доктори што можеа да останат, лично вие ги избркавте со најпогрдни квалификации!
3. Зошто нема нови вработувања, кога веќе сам си се прогласивте за факторизиран директор?
4. Зошто специјализантите ви бегаат?
5. Зошто нема кожен, ОРЛ и пнеумофтизиолози?
Потсетете се како си заминаа двете докторки од АТД…
6. Зошто ОРЛ специјалист има само викенд и празник?
Дали во прашање е личниот буџет или промоција на Телемедицина?
7. Зошто модуларната болница не е во функција?
Има ли технички прием?
8. Зошто инфективно одделение, нема елементарни услови за работа и лекување?
Дали во скоро време планирате истото да “прерасне” во амбуланта?
И за крај…
Дали го знаете вистинското значење на зборовите доблест и достоинство?
На ова сама ќе одговорам…
Доколку го знаевте, досега САМ ЌЕ СИ ЗАМИНЕВТЕ ОД ФУНКЦИЈАТА!
П.С Чудно би ми било доколку се одважите да ги дадете точните одговори…
Не за мене, за граѓаните на Велес…, пишува д-р Трајкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.