Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, смета микробиологот д-р Никола Пановски, кој во гостувањето кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“, ја спореди смртноста во светот со онаа кај нас.

Смртноста во светот деновиве премина 5,5 милиони смртни случаи. Кога светот би бил како Македонија ќе беа 33 милиони умрени. Значи, пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, рече Пановски, посочувајќи дека смртноста во Македонија шест пати повисока.

Пановски го коментираше и работењето на поранешниот министер за здравство Венко Филипче во време на пандемија, што да очекуваме во следниот период со коронавирусот, сертификатите, но се осврна и на поопуштени теми како случајот Ѓоковиќ/Австралија Опен, возењето на велосипед, приватниот живот…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.