Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вели дека проценките на здравствените власти биле дека ќе вакцинираат над 70% од населението, со што би се дошло до колективен имунитет.
Ова требаше да биде спринт, а не маратон. Ние се уште се убедуваме, а требаше да биде брза реакција. Сметам дека година дена доцниме со сериозна кампања за вакцинација – вели д-р Мехмедовиќ, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Според Мехмедовиќ, во моментов постои сериозен интерес од Министерството за здравство за една таква кампања, а тоа го покажува и средбата на министерот Сали со верските лидери.
Од нас како Комисија се уште не е побарано за поефективна кампања за вакцинација. Со таква кампања низ светот беа потистнати теориите на заговор и шпекулациите за квалитетот на вакцините – вели д-р Мехмедовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.