Македонскиот јазик е понижен на три фронта, а му недостига љубов и грижа и дома од самите Македонци, вели за „Нова Македонија“ д-р Елка Јачева-Улчар, научна советничка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на денешното обраќање по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Под три фронта, Улчар ги подразбира и македонските малцинства во Грција и во Бугарија, земји во кои „некој се договорил дека македонскиот јазик не постои“.

Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска. Многу нешта дома му се кусо на мојот мајчин јазик. Само едни нешта ич не му се куси: неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата глаголивост на која се раскажни усно илјадници приказни, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот… па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува МАКЕДОНСКИ…- вели Јачева-Улчар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.